Признание од Здружението на новинарите на Македонија од Источниот регион [fr]

Во име на Амбасадата на Франција, на 26 февруари 2016 г. Амбасадорката Оер прими признание од Здружението на новинарите на Македонија од Источниот регион, за учеството на Амбасадата во развојот на регионот

JPEG

Обраќање на Амбасадорката Оер:

Господине Координатор на Здружението на новинарите од Источниот регион,
Драги пријатели,
 
Наградата на новинарите што имам чест да ја примам вечерва во име на Амбасадата на Франција, ја отсликува разновидноста на активностите, богатството на информации и довербата што постои помеѓу Франција и Македонија.

Франција, уште од почетоците на соработката беше со Македонија. За тоа сведочи филтер-станицата за третман на водата во Кочани. Според инвестицијата и влогот што го претставува, таа е значајно сведоштво, но не е и единствено.

Денес, извонредната соработка помеѓу Ливаро и Берово ги надмина рамките на вкусното сирење, коешто е вистински репрезент на двата града. Оваа соработка го опфаќа и одржливиот развој, како и размената на стручни искуства. Знам дека за 2016 година се планирани голем број активности.

Исто така, беа остварени и значајни средби помеѓу Амбасадата и Универзитетот во Штип за да се поттикне соработката во областа на науката и правосудството.

 Сите овие активности ја покажуваат виталноста на силната врска што постои помеѓу Македонија и Франција.

Навистина се радувам што Здружението на новинарите на Македонија од Источниот регион ми ја врачи оваа награда. Како што знаете, Франција придава големо значење на слободата на изразувањето, на комуникацијата и на информираноста, на сеопфатните анализи. Сите овие карактеристики се дефиниција за еден новинар.

А наградата никогаш не треба да претставува конечна цел, туку напротив, значи дека тоа што е направено треба да се развива и продлабочува. Денес, како и во иднина, ќе продолжиме со нашите напори за остварување на нови проекти и нови средби.

Ви благодарам.

publie le 27/02/2016

hautdepage