Продолжува соработката помеѓу Коломбел и Новаци [fr]
Во рамките на соработката помеѓу општините Коломбел и Новаци, г-ѓа Едит Харзик, одговорна за децентрализирана соработка со земјите од балканскиот регион и г-дин Себастијан Ботро-Бонтер аташе за соработка при Амбасадата на Република Франција, ја посетија општина Новаци.
Соработката помеѓу овие општини, која започна пред две години, овозможи да се развие плодна размена во областа на културата, младите и образованието.