Продолжување на билатералната соработка во областа на одбраната [fr] [sq]

Амбасадорот, во придружба на полковниците Лавале и Дида, во четврток, на 19 јули, оствари средба со Заменичката на Претседателот на Владата и Министерка за одбрана Радмила Шекеринска, како и со Заменикот на Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Азим Нуредин.

За време на овие средби, соговорниците го истакнаа високото ниво на соработка во областа на одбраната, како и нејзиниот континуитет и можностите за нејзино проширување преку учество на армиите на двете земји во мировни операции предводени од ЕУ или ООН. Овие средби беа можност да се претстави пред македонските воени власти новиот нерезидентен аташе за оддбрана, полковник Фабрис Дида и да му се заблагодари на полковникот Жан-Марк Лавале за неговиот придонес во продлабочувањето на билатералните односи во областа на одбраната.

publie le 05/08/2018

hautdepage