Продолжување на француската поддршка за македонската полиција [fr] [sq]

Посетата на СВР -Тетово беше можност за потсетување дека оваа амбасада ќе ја продолжи поддршката во оперативниот дел, како и во пренесувањето на знаења и вештини.

Амбасадорот и Заменик-министерот за Внатрешни работи, г. Агим Нухиу, придружувани од Аташето за внатрешна безбедност при амбасадата на Франција, во четвртокот, на 26 март го посетија СВР -Тетово, каде што се запознаа со активностите и функционирањето на оваа служба во согласност со развојните планови на новите власти. Во таа прилика, Заменик-министерот Нухиу ѝ се заблагодари на Франција за поддршката што таа ја дава на македонската Полиција, особено во однос на обуката. Амбасадорот, од своја страна, спомена дека француската поддршка ќе продолжи со несмалено темпо, особено во оперативните активности и преку трансфер на знаења и вештини, имајќи во предвид дека реформите во Полицијата се суштински дел од промените што треба да се спроведат за да се овозможи Македонија да се приклучи кон Унијата. Амбасадорот повторно му се заблагодари на Министерството за Внатрешни работи и на СВР-Тетово што се заложија за пребарување и спасување оваа зима на Попова Шапка, на двајца француски граѓани кои се беа изгубиле во планината.

publie le 09/04/2018

hautdepage