Продолжување на плодната француско-македонска соработка меѓу вооружените сили на двете земји [fr] [sq]

Амбасадорот, придружуван од аташето за одбрана, полковник Фабрис Дида, оствари средба во вторникот, на 5 септември со генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, новиот началник на Генералштабот на АРМ, назначен на 17 август оваа година.

JPEG

На средбата, двајцата соговорници разговараа за билатералната воена соработка, особено за обуката, изучувањето на францускиот јазик и за оперативната подготвеност.
Исто така, се разговараше и за можноста за македонски придонес кон мировните мисии во рамки на Обединетите нации, при што амбасадорот истакна пред својот соговорник дека Франција ќе го поддржи спроведувањето на овој проект.
Генералот Ѓурчиновски се заблагодари за постојаната поддршка на Франција кон активностите на Министерството за одбрана и на АРМ чијашто перспективата е интеграцијата на земјата во европските и атлантските структури. Тој исто така, искажа поддршка за продолжување на плодната соработката помеѓу вооружените сили на двете земји и изрази желба да го прими својот француски колега во Македонија во текот на наредните месеци.

publie le 10/09/2018

hautdepage