Продолжувањето на мандатот на Француската агенција за развој (АФД) [fr] [sq]

Министерот за Европа и Надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дриан, на Самитот во Лондон го објави продолжувањето на мандатот на Француската агенција за развој (АФД) кон сите земји од Западен Балкан (Албанија, поранешна југословенска Република Македонија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија) за поддршка на регионалната интеграција и приближување кон Европската унија.

Овој нов регионален мандат на агенцијата вклучува три главни насоки:

- поддршка на процесите за приближување на овие земји кон Европската унија, особено во однос на поврзаноста и јакнењето на социјалната кохезија;

- поддршка за транзиции во правец на одржлив развој, а особено во поглед на енергетската транзиција, како и за територијалната и еколошката транзиција, во врска со Парискиот договор за климата;

- зајакнување на француското присуство во регионот, со што се придонесува кон зацврстување на нашите билатерални односи во многу области.

АФД, која ќе распореди широк спектар на финансиски и нефинансиски алатки во Западен Балкан, ќе ги искористи своите знаења за структурирање на проекти и поддршка на локално ниво; Нејзината активност ќе биде комплементарна со онаа на другите присутни донатори.

Овој влез на АФД во Западен Балкан зборува за посветеноста на Франција да ги поддржи шесте земји од регионот на патот на одржливиот развој, во полза на сите засегнати страни.

Француската агенција за развој (АФД) е централен актер во француската развојна политика, целосно во сопственост на француската Влада. Таа финансираше 700 проекти во 2017 година во висина од 10,4 милијарди евра. Таа е една од трите главни организации за финансиски развој. Износот на нејзините финансиски заложби се очекува во 2020 година да изнесува 12,7 милијарди евра.
Како јавна и солидарна банка за развој, АФД ги поддржува француските партнери во светот. Присутна е во многу сектори (енергетика, здравје, биодиверзитет, води, урбанистичко планирање, обука) и нуди широк спектар на финансиски и нефинансиски услуги.
АФД, со 2.400 вработени кои работат на сите континенти, ги поддржува државите, компаниите, локалните власти и невладините организации. Со нив создава синергија за да се создадат, развијат и прошират иновативни решенија во полза на населението.

publie le 18/07/2018

hautdepage