Промоција на француски еклери во кафулето „Coffee Factory“ [fr] [sq]

Во пријатна и опуштена атмосфера, амбасадорот присуствуваше во средата на 8 мај во кафулето „Coffee Factory“, на промоцијата на неколку видови француски еклери.

Според традицијата на француското слаткарство, еклерот датира од 19 век, а името на познатиот француски готвач Антонен Карем се поврзува со изработката на првиот еклер каков што го знаеме денес. Оттогаш неговата популарност не се намалила, а неговиот вкус може и денес да се почувствува во Скопје. Произведени според иновативни рецепти, но во согласност со традицијата, овие еклери со различни вкусови ќе бидат составен дел од менито на „Coffee Factory“.

publie le 12/05/2019

hautdepage