Прослава на денот на Полицијата во Штип [fr] [sq]

На 6 мај 2018 година, аташето за внатрешна безбедност, г-дин Стефан Роперс ја претставуваше амбасадата на прославата на денот на Полицијата во Штип, настан што се одржа на градскиот стадион.

Министерот за Внатрешни работи, Оливер Спасовски, а потоа и Премиерот Зоран Заев, говореа и им укажаа чест на полицајците, зборувајќи притоа и за тековните реформи. Изведени беа и наколку показни вежби: реакција при киднапирање, ослободување на заложници во автобус, различни методи за справување со разгневени напаѓачи, дресура на кучиња...

Свеченоста заврши со прием на којшто беа поканети странските претставници и полициските раководители. Франција е меѓу првите партнери на Македонија во однос на соработката со Министерството за внатрешни работи, низ перспективата на консолидирање на владеењето на правото и во европскиот дух за заштита на нашите граѓани.

publie le 09/05/2018

hautdepage