Прославата Елисејскиот договор [sq]

JPEG
Германско-францускaта канцеларија за млади,
Центарот за балканска соработка „Лоја“,
Германската Амбасада и Француската Амбасада во Скопје,

по повод прославата на Елисејскиот договор,

Ве покануваат на работилница и дискусија

„Судир, уметност на дијалогот меѓу две култури и два јазика“

Клер Дутрио, добитник на наградата Гриме, автор и режисер на емисијата на
АРТЕ, „Судир“, дискутира со младите луѓе од Македонија, Германија и
Франција за односот со културните разлики. „Судир“ е пример за тоа како се
третираат, дискутираат и обработуваат културните разлики, без притоа да
се создаваат нови стереотипи.

Н.Е.Гѓа Улрике Кноц, Амбасадор на Германија, и Н.Е.Г. Бернар Валеро, Амбасадор на Франција, ќе го отворат настанот
и ќе земат учество во дискусијата.

Датум: 27 јануари 2009

Место: Детски театарски центар, Скопје

Адреса: Евлија Челебија 1, Стара чаршија Скопје

Почеток во 17 чaсот
Kоктел во 19,30 часот

publie le 04/04/2012

hautdepage