Прв контакт со Тетово [fr] [sq]

Во петокот, на 18 декември, амбасадорот го посети Тетово и се сретна со градоначалничката, г-ѓа Теута Арифи и со директорката на Француската алијанса, г-ѓа Мари Модуен.

Во петокот на 18 декември, при својот прв престој во Тетово, амбасадорот ги посети двете најзначајни обележја на градот (Шарената џамија и дервишкото Арабати Баба-теќе), а потоа оствари средба со градоначалничката, г-ѓа Теута Арифи. На средбата, на којашто тие разговараа на француски јазик, се осврнаа пред сè на функционирањето на општината и перспективите за соработка во областа на образованието, културата, како и унапредувањето на наставата по француски јазик и Франкофонијата. Амбасадорот, исто така, ги посети просториите на Француската алијанса и со нејзината директорка, г-ѓа Мари Модуен, направи прв преглед на состојбата и предизвиците поврзани со изучувањето на францускиот јазик во Тетово.

publie le 21/12/2020

hautdepage