Првата меѓународна сесија за Западен Балкан, организирана од Институтот за високи студии по национална одбрана (ИХЕДН) [fr] [sq]

Во понеделник, на 20 мај, амбасадорот ги прими членовите на македонската делегација кои беа поканети од Институтот за високи студии по национална одбрана (ИХЕДН) во Париз од 2 до 10 мај, на првата меѓународна сесија за Западен Балкан.

За време на средбата во резиденцијата на Франција, учесниците од министерствата за Одбрана, за Надворешни работи и од Факултетот за безбедност, изразија големо задоволство од одржувањето на семинарот и квалитетот на предавачите. Во таа пригода се разгледаа и предлозите за други идни форуми за размена и за продлабочување на нашата соработка.

JPEG

publie le 23/05/2019

hautdepage