Првото изгласување на законот за спречување и заштита од дискриминација [fr] [sq]

По првото изгласување на законот за спречување и заштита од дискриминација, амбасадорот покани на 11 април во резиденцијата на Франција неколку пратеници и членови на здруженија за заштита на човековите права, како и претставници на Советот на Европа и на ОБСЕ.

Тој ја истакна важноста од конечно усвојување на овој текст за унапредување на европските стандарди во Северна Македонија и борбата против сите форми на дискриминација. Законот има значајно место на агендата на Европската унија како критериум за напредување во областа на владеењето на правото.

publie le 15/04/2019

hautdepage