Работна посета на г-ѓа Танги и г-динот Мер [fr] [sq]

Заменик-претседатеката на Комисијата за европски прашања и на групата за француско-македонска парламентарна соработка, во придружба на заменик-претседателот на Комисијата за надворешни работи, пристигнаа на јануари во Скопје.

JPEG - 61.8 ko

Тие присуствуваа на семинарот за јакнење на координацијата и преговарачките капацитети на Секретаријатот за европски прашања, организиран со поддршка на амбасадата на Франција.
Во таа пригода, двајцата пратеници и амбасадорот остварија средби со членовите на Комисијата за европски прашања и Групата за француско-македонска парламентарна соработка. На средбите се разговараше за развојот на билатералните односи, за реформските процеси и продлабочувањето на односите на Македонија со соседните земји.
Констатирано беше дека односите се развиваат во духот на взаемна доверба и пријателство, отворајќи го патот за зајакната парламентарна соработка со регионална перспектива. Француската делегација го поздрави историското значење на новиот чекор што го направи земјата на својот пат кон Брисел.

JPEG - 71.5 ko

Амбасадорот беше домаќин во резиденцијата на Франција на Претседателот на Собранието и на вицепремиерите за одбрана и за европски прашања, како и на министрите за надворешни работи и за информатичко општество и администрација и на претседателот на Комисијата за надворешни работи, при што беше направен преглед на реализираните реформи, како и на тековните чијашто агенда се спроведува со поддршка од сите политички сили во земјата заради забрзување на процесот за евроинтеграција. Пратениците дадоа срдечна поддршка на оваа иницијатива, за која ќе ги известат француските власти.

publie le 28/01/2019

hautdepage