Работна посета во Скопје на Г-ѓа Лилјана Танги, пратеничка од Финистер во Француското собрание, заменик-претседател на Комисијата за европски прашања и на парламентарната група за соработка Франција-Македонија [fr] [sq]

За време на нејзиниот престој во земјата, Г-ѓа Танги оствари средби на повисоко ниво, Средбите беа можност таа да разговара за перспективите за евроинтеграција на земјата и продлабочување на нашата соработка при успешен референдум на 30 септември, за што таа ја дава својата целосна поддршка.

Лилјана Танги, пратеничка од Финистер во Француското собрание, заменик-претседател на Комисијата за европски прашања и на парламентарната група за соработка Франција-Македонија, престојуваше од 18 до 20 септември во работна посета на земјата. Таа оствари средби со Претседателот Иванов, со Премиерот Заев, со Министерот за надворешни работи Димитров, со Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Попоски (ВМРО-ДПМНЕ), со Претседателот на собраниската комисија за европски прашања, Груби. Во среда на 19 септември, госпоѓа Танги се обрати на Лидерскиот либерален форум во врска со приоритетите и перспективите на либерализмот и визијата на нејзината партија за европската изградба, проактивна и нормативна, по повод одбележувањето на 10-годишнината од регионалната соработка во Југоисточна Европа. Средбите беа можност госпоѓата Танги да разговара за перспективите за евроинтеграција на земјата и продлабочување на нашата соработка при успешен референдум на 30 септември, за што таа ја дава својата целосна поддршка.

publie le 21/09/2018

hautdepage