Работна посета во Скопје на регионалниот економски советник, г-дин Жан-Мари Деманж и неговата наследничка, г-ѓа Флоранс Добел [fr] [sq]

Амбасадорот, во придружба на регионалниот економски советник, г-дин Жан-Мари Деманж и г-ѓа Флоранс Добел, којашто ќе го замени господинот Деманж, остварија средба со гувернерот на Народната банка на Македонија, г-ѓа Анита Ангеловска Бежоска, со министерот за финансии, г-дин Драган Тевдовски и со градоначалникот на Скопје, г-дин Петре Шилегов, како и го посетија градилиштето на француската компанија НГЕ одговорна за изградба на колектори поврзани со идната пречистителна станица за отпадни води на градот Скопје.

Во вторникот, на 11 септември, амбасадорот го посети градилиштето на француската компанија НГЕ одговорна за изградба на колектори поврзани со идната пречистителна станица за отпадни води на градот Скопје. Заедно со регионалниот економски советник, г-дин Жан-Мари Деманж и г-ѓа Флоранс Добел, како претставник на француското Министерство за Економија и Финансии, којашто ќе го замени господинот Деманж, амбасадорот беше во можност да се запознае со динамиката на активностите и на проектот во целина. Г-ѓа Добел, за време на оваа посета, оствари средби со гувернерот на Народната банка на Македонија, г-ѓа Анита Ангеловска Бежоска, со министерот за финансии, г-дин Драган Тевдовски и со градоначалникот на Скопје, г-дин Петре Шилегов, со кои разговараше за макроекономските перспективи, тековните реформи и развојот на соработката со Франција. Активностите на Француската агенција за развој во Западен Балкан, одобрени од француските власти по Самитот во Софија, отвораат нови перспективи во тој поглед, особено доколку референдумот биде успешен, за што е разговарано директно со претставниците на француски компании.

publie le 21/09/2018

hautdepage