Конференција на француските и германските амбасадори акредитирани во земјите од Западен Балкан [fr] [sq]

Амбасадорите на Германија и на Франција во земјите од Западен Балкан, како и повеќемина претставници на германските и на француските министерства за надворешни работи, се состанаа на 12 и 13 март 2018 година во Сараево.

JPEG

Оваа регионална конференција на амбасадорите имаше за цел да се направи преглед на ситуацијата во Западен Балкан и да се разгледаат можностите за заеднички проекти за да продолжи поддршката на регионот.

Учесниците дискутираа особено за европската перспектива на земјите од регионот, регионалната соработка, јакнењето на владеењето на правото, помирувањето, безбедносните прашања, улогата на жените и ситуацијата на ЛГБТИ лицата, како и за улогата на младите при средбата со генералниот секретар и заменик-генералниот секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).

Франција и Германија имаат заеднички пристап кон земјите од Западен Балкан, за поддршка на нивната одржлива стабилност, нивниот економски и општествен развој и европската интеграција.

publie le 14/03/2018

hautdepage