Радмила Шекеринска одликувана со Орден Командант на Националниот Ред за заслуги [fr] [sq]

Госпоѓата министер Женевиев Дариесек, Државен секретар при Министерството на Вооружените сили на Франција, во име на Претседателот на Република Франција, ја одликуваше госпоѓата Радмила Шекеринска, Заменичка на Претседателот на Владата и Министерка за Одбрана со Орден Командант на Националниот Ред за заслуги на Република Франција, на приемот што во нејзина чест се одржа во резиденцијата на Франција на 31 мај 2018 година.

Ова одликување, воспоставено во 1963 година од страна на Генералот Де Гол, се доделува за исклучителни воени или цивилни заслуги. Госпоѓата Шекеринска го доби ова високо одликување за својот особен придонес во развојот на односите помеѓу Македонија и Франција, како и нејзината заложба за промовирање на европските вредности во Македонија. Придонесот на г-ѓа Радмила Шекеринска во процесот на приближување на земјата кон ЕУ, особено беше забележителен за време на нејзиниот мандат како Заменик на Претседателот на Владата задолжен за Европски интеграции, во периодот од 2002 до 2006 година. Европскиот совет одлучи на 17 декември 2005 година да ѝ додели на Македонија официјален статус на земја кандидат. На настанот во резиденцијата на Франција присуствуваа Премиерот Зоран Заев и министрите за Европски прашања, за Внатрешни работи, за Образование, за Надворешни работи, за Информатичко општество и администрација, амбасадорите на САД, на Германија, Бугарија, Хрватска, потоа Шефот на Делегацијата на ЕУ и претставникот на НАТО, како и бројни цивилни и воени претставници. Госпоѓа Шекеринска одржа говор во којшто зборуваше за односите со Франција, за заложбите што Франција ги прави во поглед на Македонија, како и за процесот на продолжување на земјата по патот до членство во Европската унија.

publie le 05/06/2018

hautdepage