Разговорот на амбасадорот во емисијата “Дипломатска лиценца“, на ТВ Нова [fr] [sq]

По историскиот договор помеѓу Скопје и Атина, погледнете го разговорот на амбасадорот со Слободан Томиќ во емисијата “Дипломатска лиценца“, на ТВ Нова.

Во своето интервју за ТВ Нова, амбасадорот ја разгледува актуелната политичка ситуација во Македонија и регионот, како и перспективите на земјата по потпишувањето на договорот со Грција, што Франција го поздравува.

Тој рече дека има само еден совет да им даде на политичарите, имено, да знаат да му докажуваат на Европа дека Македонија е функционална демократија и инсистираше на фактот дека интересот на Франција е стабилноста во секоја земја на Балканот, без предност или пристрасност кон една или друга страна.

Тој, исто така, го потсети големото значење на европскиот проект на г-дин Макрон, кој силно се посветува за пофункционална и заштитна Унија, како и убеденоста изразена од страна на претседателот на Републиката дека изградбата на Европа нема да биде целосна без интеграцијата на земјите од Западен Балкан.

Ве молиме да го следете целото негово интервју, дадено за емисијата "Дипоматска лиценца", со Слободан Томиќ:

publie le 25/06/2018

hautdepage