Размена со новите градоначалници на албанските општини на Желино и Сарај [fr] [sq]

Амбасадорот се сретна во среда на 25 јули со новите градоначалници на општините Желино, со претежно албанско население, господинот Блерим Сејдиу (Беса) и Сарај, господинот Блерим Беџети (ДУИ).

Во оваа прилика тие разговараа за прашања поврзани со актуелните случувања, како што се подготовките за референдумот наесен, владините реформи, случувањата во овие општини и развојните предизвици со кои тие се соочуваат.

Средбите беа исто така можност да се разговара за перспективите за соработка помеѓу Амбасадата и овие две општини во областа на туризмот (езерото Матка) и во областа на културата, вклучувајќи ја можноста за организирање француски филмски фестивал и проекти за зближување на младите луѓе преку Франкофонијата.

publie le 05/08/2018

hautdepage