Размена за улогата на медиумите во кампањата и процесот на усвојување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги [fr] [sq]

Во четвртокот, на 23 август, амбасадорот оствари средба со министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, господинот Роберт Поповски.

За време на средбата, двајцата соговорници разговараа за повеќе актуелни прашања, а особено за комуникацијата и информациите од јавен интерес, во перспектива на кампањата за референдумот што треба да се одржи на 30 септември.

Разговорот, исто така се фокусираше на слободата на медиумите и на процесот на усвојување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. .

Франција ја поддржува Македонија, истакна амбасадорот, во нејзините напори за спроведување на стратешките приоритети во врска со европската и атлантска интеграција и внимателно го следи понатамошното реализирање на реформската агенда.

publie le 30/08/2018

hautdepage