Размени со раководителите на НВО : Евротинк, Институтот за европска политика и Институтот за демократија - Societas Civilis Skopje [fr] [sq]

Како дел од подготовката за студиското патување во Париз на 2, 3 и 4 октомври, раководителите на трите политички тинк-тенкови: Евротинк, Институтот за европска политика и Институтот за демократија - Societas Civilis Skopje, беа примени од страна на амбасадорот во среда на 25 септември, за да разговараат за програмата на состаноци подготвена од г. Франсоа Лафон (француски советник на Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, г. Бујар Османи) со одговорните лица на француските институции (Институтот Жан Жорес, Институтот Жак Делор, Европскиот совет за надворешни односи), со пратеници и претставници на Министерството за надворешни работи.

Оваа иницијатива ќе овозможи размена на мислења за меѓусебните очекувања и подобро да се подготви идната соработка за поддршка на новата заложба најавена од претседателот Макрон во регионот и во Северна Македонија.

JPEG

publie le 02/10/2019

hautdepage