Размени во областа на безбедноста на храната, исхраната на животните и ветеринарната медицина [fr] [sq]

Унапредувањето на институционалната и комерцијална соработка помеѓу Македонија и Франција во областа на безбедноста на храната, исхраната на животните и ветеринарната медицина, како и размената на искуства кои ќе ги олеснат и интензивираат трговските врски меѓу двете земји треба да продолжува.

Тоа беше дел од заклучокот по средбата што амбасадорот, придружуван од аташето за соработка ја оствари во четврток, 1 март, со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, г. Зоран Атанасов. Во оваа пригода, директорот ги претстави приоритетите на агенцијата и воспоставувањето на систем за управување со нус-производи од животинско потекло, чија цел би била промовирање на земјата како регионален центар за управување со овој проблем директно поврзан со животната средина, но исто така и за заштита на здравјето на населението. Амбасадорот ги поздрави напорите направени во таа насока и можноста за воспоставување институционална соработка меѓу двете земји во спроведувањето на меѓународни проекти на кои работи Агенцијата за храна и ветеринарство.

JPEG

publie le 05/03/2018

hautdepage