Реализација на Договорот за Прифаќање - Интеграција за барателите на виза кои аплицираат за семејно соединување и сопружници на француски државјани [sq]

Од 15 јуни 2011 година, барателите на виза, кои аплицираат за семејно соединување, како и сопружниците на француски државјани мора да полагаат тест за евалуација на нивното ниво на познавање на францускиот јазик.

Доколку не успеат на тестот, барателите за виза ќе бидат поканети да следат обука од 40 часа по француски јазик и 3 часа обука за вредностите на Републиката.

Овие часови ќе ги организира Француската алијанса во Приштина за граѓаните од Косово и Францускиот културен центар во Скопје за граѓаните од Македонија.

Евалуцаијата мора да се направи во рок од 60 дена од поднесувањето барање за виза за долг престој, а од моментот кога истото ќе биде одобрено како комплетно и прифатливо од страна на конзуларните власти.

Виза може да биде издадена само по завршување на обуката и редовното посетување на часовите кои се распоредени во период од 2 до 3 седмици.

Лицата коишто аплицираат за семејно соединување ќе бидат повикани директно од страна на центарот за обука.

Сопружниците на француски државјани ќе добијат документ со информации за постапките што треба да се следат при поднесување на нивното досие за барање виза.

„Договорот за Прифаќање и Интеграција“ претставува имплементација на Законот бр. 2007-1631 од 20 ноември 2007 година за контрола на имиграцијата, интеграцијата и азилот, дополнет со Указот бр. 2008-1115 од 30 октомври 2008 година и Oдлуката од 1 декември 2008 година за подготовка за интеграција во Франција на странците кои сакаат трајно да живеат во Франција и со него се одредува барателите за семејно соединување и сопружници на француски државјани надвор од Европската Унија, од 1 септември 2009 година, да следат часови по француски јазик во матичната земја пред добивање виза за Франција.

publie le 05/03/2013

hautdepage