Реформи и дијалог [fr] [sq]

Амбасадорот оствари средба во петокот, 2 март со генералниот секретар на СДСМ и пратеник, г. Александар Кирацовски.

За време на средбата, тие разговараа за теми поврзани со спроведувањето на реформите предвидени со агендата 3-6-9, како и продолжувањето по патот на интеграциите кон кои земјата се стреми од осамостојувањето, да стане рамноправна членка на Европската унија и на НАТО. Франција е ќе ја придружува Македонија на тој пат. Соговорниците разговараа и за можностите за подобрување на функционирањето на Парламентот преку унапредување на политичкиот дијалог, кој е од суштинско значење за демократскиот процес во Македонија.
JPEG

publie le 06/03/2018

hautdepage