Реформирана европска конструкција за прифаќање на земјите од Западен Балкан [fr] [sq]

По објавувањето на извештајот за напредок на Европската комисија со безусловна препорака за отворање на преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ, амбасадорот одговараше на прашања од весникот Вечер. Запрашан за опсегот на оваа препорака, тој рече дека тоа е "одлично охрабрување". Сепак, за да се потврди постигнатиот напредок, преземените реформи мора да продолжат во одредени клучни области, како што се деполитизирањето на администрацијата и борбата против корупцијата. Во врска со забелешките на претседателот Макрон до Европскиот парламент на 17 април за европската интеграција на Западен Балкан, амбасадорот потсети на кохерентноста на француската визија искажана во септември 2017 година за време на говорот на Сорбона и според која, ЕУ мора пред секое ново проширување да создаде внатрешна реформирана и детална рамка која ќе им овозможи на новите земји-членки да бидат прифатени на најдобар начин. Прочитајте го целото интервју на амбасадорот:

Господине Тимоние, Ваш коментар за последната безусловна препорака што ја доби Македонија од ЕК? На што во наредниот период треба посебно да се посвети Македонија, на која област?

Станува збор за извонредно охрабрување на сите оние кои работеа во континуитет од 2005г., уште од добивањето на првата препорака да ја однесат земјата на патот кон ЕУ. Тоа е и признание за импресивната посветеност на оваа Влада и нејзините екипи за повторното превземање на тој пат, по период на стагнација. Никогаш не се сомневавме и не се сомневаме во крајниот резултат. Но да не губиме повеќе време. Младите македонци чекаат. Овде постои нова надеж која е иста со онаа во нашата земја за обновена и ефикасна Европа, способна да одговори на предизвици, во свет кој е во тек на редефинирање.
Воспоставувањето на вистинска правна држава, судство достојно на името и функционално Собрание се доказ за спроведувањето на изгласаните реформски закони. Деполитизација на администрацијата и борба против корупцијата се клучни критериуми за вреднување на првите чекори и постигнување на заеднички напредок.

PNG

Ќе сакате ли да ја објасните изјавата на Претседателот Макрон дека ЕУ не треба да прима нови членки додека интеграцијата не се продлабочи и не бидат спроведени реформи во самата ЕУ?

Претседателот Макрон за време на својот говор на Сорбона, посветен на Европа во месец септември 2017г. јасно ја потврди вокацијата за земјите од Западен Балкан да и се приклучат на обновената европска изградба. Таа посветеност беше свечено повторена во Стразбур пред европските пратеници. Сепак оваа интеграција би имала реална и ефективна смисла единствено во рамки на Унија чие функционирање ќе стане ефикасно на висина на новите предизвици на глобализацијата. Големите напори кои се бараат од државите и од народите во земјите од Задапен Балкан ќе овозможат приклучување кон пофункционална организација а не кон разочарувачки конгломерат. Ние сме за проширување но не за пренадувување.

Има ли простор за оптимизам дека Македонија по овој извештај сепак во јуни ќе добие датум за преговори и дали тоа сепак на еден начин е условено со решавањето на спорот со името?

Целосно ги поддржуваме напорите на двете земји за наоѓање на прифатливо решение. Ги цениме напорите кои ги прават двата Премиери и искрено се надеваме дека со нивната визија на државници ќе бидат надминати и последните потешкотии.
Тоа е и пораката на нашиот Министер за Европа и за Надворешни Работи, Господинот Жан-Ив Ле Дриан до неговиот македонски колега, Господинот Никола Димитров за време на средбата која ја имаа на 4 април годинава.

publie le 19/04/2018

hautdepage