Регионален семинар за борба против трговијата со оружје и експлозиви [fr] [sq]

Амбасадорот во вторникот, на 2 октомври, во присуство на министерот за Внатрешни работи, г. Оливер Спасовски, го отвори регионалниот семинар за борба против трговијата со оружје и експлозиви во Западен Балкан.

Овој дводневен семинар, организиран од регионалниот аташе за внатрешна безбедност при амбасадата на Франција во Хрватска и аташето за внатрешна безбедност при амбасадата на Франција во Македонија, беше можност да се разгледа актуелната состојбата на овие простори каде што нелегалната трговија е често присутна. Делегациите од земјите од регионот одржаа презентации за, од една страна, придонесот на технологиите во откривањето и идентификацијата на оружјето, а од друга страна, за различните начини за подобрување на борбата против трговијата со лесно оружје и оружје со мал калибар.

Во својот говор, амбасадорот истакна дека овој семинар е во согласност со веќе воспоставената соработка на регионално и европско ниво: "Ова е одличен пример за Европска конструкција каква што сакаме да биде, ефикасна, оперативна и во служба на безбедноста на граѓаните". Тој, исто така, ја пофали одличната билатерална соработка со Македонија и го поздрави организирањето на неколку значајни настани во блиска иднина поврзани со борбата против криминалот.

publie le 05/10/2018

hautdepage