Регионална економска служба во Софија [fr]

Регионалната Економска Служба (РЕС) Софија ја покрива географската единица Дунав Балкан: Албанија, Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ), Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Романија и Србија.

РЕС е организирана околу две оски: една оска економија и финансии (макро-економска анализа, мултилатерални и европски прашања) и втора оска енергетика и инфраструктура (за поддршка на големи проекти и финансирање). Нејзината главна мисија е да ги следи и анализира финансиските и економски ситуации во регионот. Службата заедно со економските служби во Белград, Букурешт и Загреб ги следи економскиате политики, надворешната трговија, јавните финансии и финансискиот сектор, како и приспособување и односите со донаторски програми.

РЕС ги претставува француските економски интереси пред владините, локалните институции и организации.

Таа има дијалог со властите за билатерални, европски и мултилатерални прашања во доменот на трговските или финансиски работи како продолжување на следењето на бугарската јавни државни политики.

Службата подготвува и координира организација на официјални посети со економски карактер и ги анимира со своите партнери, билатералните економски односи, вклучувајќи и обезбедување на поддршка за големи проекти и нивна политичка и финансиска поддршка.

Адреса: улица Обориште бр 21 А, 3-ти кат 1504 Софија

Телефон: + 359 2 960 79 79

Факс: + 359 2 960 79 80

E-пошта: sofia@dgtresor.gouv.fr

За повеќе информации: http://www.tresor.economie.gouv.fr/...

Линк кон UBIFRANCE Атина]

publie le 11/09/2013

hautdepage