СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ [sq]

Како што напомена за време на дебатата на 6 септември 2010 година на телевизија БТР, Н.Е. Амбасадорот на Франција Жан-Клод ШЛУМБЕРЖЕ го посети во петок, 17 Септември Центарот на дневно згрижување за децата на улица "Одбрана на правата на децата "(Ул. Виетнамска бб - Шуто Оризари -) за да предаде материјална донација собрана од страна на Амбасадата во Скопје, во текот на три месеци.

Оваа збирка следеше како резултат на односите формирани помеѓу членовите на Амбасадата на Франција и на лидерите на здружението минатата пролет.
JPEG
Притоа, Амбасадорот на Франција присуствуваше и во Собрание, на 12-та седница на Комитетот за меѓуетнички односи посветен на имплементацијата на македонскиот акционен план за интеграција на Ромите, под претседателство на пратеникот Џеват Адеми.

Во оваа прилика, тој се запозна со мерките што се претставени од Министерот за труд и социјална политика г-дин Џелал Бајрами и Министерот задолжен за Ромите г-дин Неџдет Мустафа и ги сослуша оценките што ги презентираше омбуцманот Иџет Мемети, ромските партиски лидери и на директорката на Агенцијата за правата на заедниците.

Dernière modification : 13/04/2012

Haut de page