Саем за студии во Франција, во вторник, на 25 октомври со почеток во 10:00 во Домот на АРМ, Скопје [sq]

Ќе бидат застапени повеќе француски универзитети и високи школи, како и универзитети од овој регион на Европа кои нудат франкофонски студии.
КампусФранс ќе одговори на сите прашања поврзани со студирањето во Франција и со разните програми за стипендии.

Оваа манифестација е дел од Саемот на студии во Франција и франкофонски студии во регионот за 2011 година кој, покрај во Македонија, исто така ќе се претстави и во Албанија, Бугарија и во Србија.

Неговата Екселенција Амбасадорот на Франција Жан-Клод Шлумберже официјално ќе го отвори саемот во 12:30.

Дојдете во што поголем број !
JPEG

publie le 03/04/2012

hautdepage