Водечка француска фармацевтска група во Македонија [fr] [sq]

Во вторник 16 октомври, Француската фармацевтска група анимираше една презентација за вакцинацијата, во присуство на министерот за Здравство, г. Венко Филипче и на здравствените работници.

Говорниците ја истакнаа важноста на вакцинацијата, објаснувајќи ја улогата на вакцините преку платформа за едуцирање на јавноста насловена "заштита од грип, важноста на имунизацијата и улогата на вакцините". Во оваа пригода, амбасадорот потсети на традиционално добрите билатерални односи во областа на здравството, особено на изборот на професорот Зоран Гучев, познат педијатар и ендокринолог, како и на многубројните врски што во текот на студирањето ги создаваат македонските лекари во Франција.

Тој најави дека Француската агенција за развој во иднина ќе може да дејствува во Македонија, посебно во областа на здравството, што ќе отвори нови перспективи, а за што амбасадаорот разговараше со министерот Филипче. Соработка со „Санофи Пастер“, француската фирма со меѓународна репутација, е важен елемент во оваа област, кон којашто сакаме да дадеме целосен придонес.

publie le 19/10/2018

hautdepage