Сеќавање на Ромите, жртви од Втората светска војна [fr] [sq]

Вршителот на должност присуствуваше во понеделник, на 6 август, на комеморацијата во знак на сеќавање на геноцидот на Ромите за време на Втората светска војна, што се одржа во Меморијалниот центар на Холокаустот во Скопје.

На настанот, во организација на господинот Аксел Ахмедовски, министер без ресор задолжен за имплементација на стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите и здружението "Ромаверзитас" беше прикажан пригоден филм и се читаше поезија од автори Роми.

publie le 08/08/2018

hautdepage