Секретаријатот за европски прашања, поголема координација за подобро присоединување [fr] [sq]

Во петокот на 7 јуни, амбасадорот ја отвори третата меѓународна работилница на тема „Секретаријатот за европски прашања, поголема координација за подобро присоединување", организирана од г. Франсоа Лафон, експерт на француската влада при Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, г. Бујар Османи.

Работилницата е дел од серијата настани организирани со поддршка на амбасадата на Франција и Француската агенција за развој, за зајакнување на Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и за придружување на Северна Македонија на нејзиниот европски пат. Таа е дел од новата Француска стратегија за Балканот што ја објави претседателот Макрон на неформалниот Самит во Берлин.

publie le 09/06/2019

hautdepage