Семинар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО) [fr] [sq]

Амбасадорот учествуваше на семинарот на Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО) во среда на 18 септември, во присуство на министерот за Надворешни работи, г. Никола Димитров, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Г. Дарко Каевски, заменик генералниот секретар на РИКО, г. Фатос Мустафа, претставник од германската амбасада, како и на претставници од шесте земји членки на РИКО.

Средбата даде позитивна оценка за првите три години од постоењето на оваа институција креирана во 2016 година во Париз по моделот на француско-германската канцеларија за млади. Франција неодамна ја обнови поддршката со испраќање меѓународен волонтер во седиштето во Тирана и финансирање на регионален проект за претприемништво.

publie le 20/09/2019

hautdepage