Семинар на тема „Стогодишнина од Првата светска војна, заеднички пристап кон минатото“, 13 и 14 јуни 2014 година [fr]

Амбасадата на Франција во Скопје, Амбасадата на Германија и Асоцијацијата на наставници по историја на Македонија организираа семинар наменет за наставниците по историја во Македонија на тема „Стогодишнина од Првата светска војна, заеднички пристап кон минатото“. Главната цел на семинарот беше да се поттикне дијалог меѓу македонските и албанските историчари од Македонија, но и да се разработат часови за Првата светска војна во Македонија.

JPEG

Говор на Н.Е. г-ѓа Лоренс Оер по повод отворањето на семинарот.

Господине пратеник за Французите во странство, драг г. Леборњ,
Госпоѓо Амбасадор на Германија, драга Гудрун,
Драг господине Моравец, претставник на француско-германската канцеларија за млади,
Драг господине Ле Кантрек, експерт по историја,
Драг господине Младеновски, претседател на Асоцијацијата на наставници по историја,
Драги наставници по историја,
Драг Бујар Лума,

Ми претставува големо задоволство што сум овде со вас за отворањето на овој семинар кој е дел од проектот што го претставивме со Амбасадата на Германија и мојата колешка Гудрун на Француско-германскиот фонд за настани во трети земји. За разлика од претходните години, ние сакавме да претставиме проект посветен на историјата и на нашата обврска за сеќавање во контекст на одбележувањето на Првата светска војна.

Проектот ја доби нашата поддршка уште на првата средба со одговорните лица од Асоцијацијата на наставници по историја на Македонија. Целта е да се поттикнат десет наставници по историја да работат заедно на пет добро утврдени теми поврзани со Првата светска војна, да проучуваат и да истражуваат со доброволна помош и вештини од француски и германски експерти за периодот кој не е многу обработен во македонските учебници по историја.

Во период кога стогодишнината од првиот светски конфликт е помеѓу главните актуелности во Франција, Македонија беше поканета во Нормандија, во регионот со кој соработува. Би сакала исто така да ја спомнам и дека беше поканета делегација на млади предводена од министерот за надворешни работи, Никола Попоски, на 14 јули, на Елисејските Полиња, со цел да дефилира заедно со 72 претставници на завојуваните страни во Првата светска војна.

Во рамките на овој проект, ги покануваме наставниците по историја, кои се клучни чинители во образовниот процес и во граѓанската сфера да ги разменат своите гледишта, кои не се совпаѓаат секогаш од почеток, за да дојдеме до еден пристап кој би ја заслужил придавката - заеднички.
Проектот има за цел не само да му принесе историската вредност на овој конфликт, туку и преку овој семинар и дебатите што ќе се водат да се создаде дијалог за еден клучен период од историјата на Македонија. Ние сакаме да ги реафирмираме предностите на дијалогот и компромисот. Да се усогласат нашите пристапи кон минатото сега, значи да се помириме во иднина, да ја гледаме нашата иднина на смирен начин и да изградиме свет заснован на доверба.

Франција и Германија немаат лекции за држење, ние не сме овде со мојата колешка за да ви кажеме што треба да се прави. Франција и Германија се само еден пример на помирување којшто како што знаете, доведе дури и до создавање на заеднички учебник по историја. Тоа е убедлив пример зашто по сите периоди на екстремни конфронтации, Франција и Германија станаа основа на европската градба, на онаа Европа што ни е денес заедничка татковина.
Ви сакала срдечно да ви се заблагодарам за вашето учество и за вашиот придонес на овој ветувачки проект. Морам да кажам дека со нетрпение ги очекувам резултатите од вашата работа и нивното јавно претставување што е предвидено за месец октомври. И не се сомневам дека тоа ќе биде само почеток и дека од овој проект ќе се изнедрат продолженија за време на целиот период на одбележување на Првата светска војна.

Ви посакувам успешна работа.“

publie le 18/11/2014

hautdepage