Семинар на здружението Бургундија Балкан експрес за млади лидери и за балканските и европските предизвици, 3 -8 април [fr]

JPEG

Говор на Н.Е. г-ѓа Лоренс Оер

Овој семинар на којшто се собравме денес ја истакнува вредноста на старите соработки кои постојат меѓу Франција и Македонија, особено меѓу градовите Дижон и Скопје и укажува на позитивните аспекти бидејќи овие соработки го одржуваат дијалогот помеѓу младите идни лидери од Балканот кој несомнено е дел од европската перспектива.

Уште од самото создавање во 2006 година од страна на студенти од Парискиот институт за политички науки (Sciences Po), здружението Бургундија Балкан експрес се посвети на промовирање на врските меѓу Европската Унија и Западен Балкан. Речиси секоја година, здружението организираше во Дижон семинари за најактуелните теми од односите меѓу Балканот и Европа, за перспективите за интеграција и стабилизација, потоа за иднината на кревките земји во 2011 година, за предизвиците на мултикултурализмот во 2012 година, соочени со перспективите за европска интеграција...

Меѓутоа, најзначајно е тоа што вие не запаѓате во политички генерализирања и знаете како да ги поткрепите вашите размислувања со она што навистина се случува на терен. Токму така, минатата година избравте да се сосредоточите само на една земја, на нашата драга Македонија и задоволство ми е да го истакнам тоа. И еве сега се собравте во Скопје вие студентите од Парискиот политички институт, претставниците на градот и на граѓанското општество од Дижон, младите од целиот Западен Балкан, за да размислувате за улогата што сакате да ја имате, вие коишто во иднина ќе ги водите судбините на нашите земји на патот кон демократијата, а тоа е борба која како што знаете никогаш не завршува.

Вие имате помеѓу 18 и 28 години, вие веќе посветувате дел од вашето време на односите меѓу Балканот и Франција, вие размислувавте за сценаријата за иднината на Балканот во рамки на Европа во наредните години.
Во овие моменти на криза, а јас зборувам за вистинската криза, смисловната криза што ја тресе целата Европа, зборувам за порастот на евроскептицизмот што го забележуваме насекаде на Балканот и дури во земјите на Европската Унија, нужно е вие младите, како реалисти и ентузијасти да знаете да поттикнете позитивни и плодни перспективи. Тоа е она што го очекуваме од вас.
Вие ќе обработувате прецизни тематики работејќи во работилници. Експертите ќе ви го претстават своето искуство, но сигурна сум дека од вас ќе произлезат контурите за конкретни решенија. Вашите напори нема да бидат залудни бидејќи покрај средбите меѓу вас, покрај вашата средба со Македонија којашто е особено впечатлива земја на Балканот, вашиот труд ќе биде објавен и широко распространет.

Ви посакувам добар престој во Македонија и успешна работа.

PDF - 1.7 Mo
(PDF - 1.7 Mo)

publie le 20/02/2015

hautdepage