Семинар со граѓанските организации [fr] [sq]

Амбасадата организираше во петок, на 7 декември, семинар на којшто беа поканети претставниците на граѓански организации кои учествувале во нашите билатерални активности од 2011 година.

Овој семинар е како надополнување на одличната соработка што се спроведува преку нашиот придонес кон буџетот на Европската унија. За време на овој настан, направивме биланс на спроведените активности преку сведоштвата на Силвија Митевска од ТАКТ (промоција на спортската, културната и родовата еднаквост), Катица Јанева од АЛДА (Нормандија - Македонија), Антонио Јовановски Гоу Грин – Биди зелен (животна средина) и Ана Блажевска од ЦИКП (анализа на јавни политики). За новите перспективи во соработката зборуваше Алберт Хани од RYCO мрежата (младите на Балканот) и Франсоа-Гзавие Рејмон од француското Министерството за Европа и надворешни работи.

Тоа ќе им овозможи на македонските невладини организации да се ориентираат кон регионалните франкофонски патеки, или преку француски организации. Амбасадата на Франција ќе се заложи да ја продолжи, во перспектива на европската интеграција, својата соработка реализирана во текот на овие години, за промоција на вредностите на солидарност и отвореност.

publie le 19/12/2018

hautdepage