Семинар за имплементација на новиот етички кодекс за пратениците [fr] [sq]

Во партнерство со Парламентот, Амбасадата организираше семинар на 22 април во Скопје за да придонесе кон имплементацијата на новиот етички кодекс за пратениците. На отворањето, заедно со претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, амбасадорот потсети на конкретната поддршка што француските власти ја даваат во борбата против корупцијата, што е суштински услов за европско приближување на земјата.

Тој ја нагласи важноста од брзо и консензуално усвојување на Законот за специјалното обвинителство. Професорот по уставно право и поранешен деонтолог на француското национално собрание, Фердинанд Мелен-Сукраманен, од своја страна, даде пет препораки: информација, прецизност, превенција, санкција и обука. На семинарот имаше над шеесет присутни учесници, главно членови на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, надлежни за етичките прашања во Собранието, но и други пратеници и членови на македонската администрација. како и претставници на Државната комисија за спречување на корупцијата.

publie le 26/04/2019

hautdepage