Северна Македонија ја прослави 116-годишнината од Илинденското востание и 75-годишнината од АСНОМ [fr] [sq]

Во петокот на 2 август, Северна Македонија ја прослави 116-годишнината од Илинденското востание (првата република на Балканот) и 75-годишнината од првото антифашистичко народноослободително собрание (АСНОМ).

Во таа пригода, амбасадорот положи венец пред Споменикот на паднатите борци од НОБ и присуствуваше на церемонијата организирана од претседателот Стево Пендаровски во Вила Водно, каде што шефот на државата повика на национално единство на патот кон НАТО и ЕУ и зацврстување на владеењето на правото околу вредностите на борците од 1903 и 1944 година.

publie le 04/08/2019

hautdepage