Во понеделникот на 4 октомври во Велес, амбасадорот учествуваше, заедно со градоначалникот г. Аце Коцевски, на работилница за зачувување и унапредување на македонското наследство, во рамките на проектот „Знаење, заштита и вреднување на старите урбани јадра“, поддржан од Министерството за Европа и Надворешни работи на Франција.
Crédit photo: Service photographique de la mairie de Veles
Активната заштита на наследството е клучно прашање и во оваа област, билатералната соработка меѓу нашите две земји, која трае повеќе од дваесет години, е во процес на зајакнување.