Скопје на мапата на Европа [fr] [sq]

Како дел од кампањата на Секретаријатот за европски прашања за промоција на европските вредности – „Заедно кон ѕвездите", амбасадорот учествуваше во саботата на 22 јуни, на покана на Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, г. Бујар Османи и заменик-градоначалникот на град Скопје, г. Енвер Малиќи, на прошетка низ Скопската чаршија насловена „Скопје на мапата на Европа".

Професионален туристички водич им помогна на гостите да го откријат стариот дел на Скопје, во којшто се испреплетуваат различностите кои го создаваат уникатното богатство на земјата.

publie le 23/06/2019

hautdepage