Скорешно завршување на активностите на меморијалниот комплекс во Битола [fr] [sq]

Посетата на воените гробишта и на меморијалниот комплекс во Битола, му овозможи на амбасадорот да направи увид во скорешното завршување на активностите и утврдување на официјална програма за инаугурација напролет.

При неговата посета на Француската Алијанса, како и при средбата со директорката и професорите, беа презентирани активностите што амбасадата во целост ги поддржува, особено во рамките на месецот март, кој е месец на Франкофонијата. "Битолски весник", единствениот локален весник во земјата, во рамките на 19-тата традиционална манифестација “Избираме најуспешни битолчани за 2017 год.", му додели на амбасадорот посебно признание за поддршката што Франција ја дава на македонскиот печат.

publie le 25/02/2018

hautdepage