Сликарот Киро Урдин, гласник на франкофонијата во Македонија [fr]

„Франкофонската пролет“ во Македонија беше отворена на 14 март во Музејот на град Скопје од страна на Н.Е. Лоренс Оер, во присуство на министерката за култура, г-ѓа Канческа-Милевска, со изложба на македонско-францускиот сликар г. Киро Урдин што ја прикажува разноликоста и вредностите на франкофонијата.

JPEG

Проектот на г. Киро Урдин, сликар, поет и режисер, насловен „Франкофонија-планетериум“ има за цел да го покаже планетарниот карактер на франкофонијата низ неколку од неговите дела изразени во разни форми: слика, кино, фотографија, поезија (афоризми).

Изложбата која е отворена до 28 март илустрира на најпрецизен начин, преку делото на еден македонско-француски уметник, дека францускиот јазик и франкофонијата се средства за изразување на културната разновидност во светот. Таа исто така ги истакнува хуманистичките вредности на франкофонијата (заштита на демократијата, човекови права, слобода на изразување, толеранција и почитување на другите).

Како што посочи министерката за култура на отворањето на изложбата „Франкофонија-планетариум“, оваа активност ќе овозможи да се промовира франкофонијата и нејзините вредности давајќи ѝ на македонската публика можност да се поврзе со еден од нејзините најголеми современи уметници.

JPEG

publie le 20/11/2014

hautdepage