Слобода на изразување - слобода на медиуми: два дена дебата и студии организирани со поддршка на Амбасадата [fr] [sq]

Меѓународниот Институт за човекови права и мир во Каен, со поддршка на Амбасадата на Франција, организираше два дена дебата и студии за слободата на изразување и слободата на медиуми, во форма на вкрстена анализа помеѓу Франција и Македонија.

На 26 февруари 2014, во склоп на тркалезна маса анимирана од страна на француски и македонски правници и новинари, се дискутираше во три сесии, аспектот на правната пракса споредувајќи ги ситуациите, влогот, одговорите кои се добиваат во Франција и Македонија. Така да се зборуваше за меѓународните стандарди во делот на слобода на изразување и плурализам на медиуми, а потоа и за деонтологијата и заштитата на професијата новинар и на крај за еволуцијата и перспективите на слободата на медиуми во времето на дигитализацијата во Франција и Македонија.

Додека на 27 февруари 2014 во соработка со Правниот факултет во Скопје и во негови простории се одржа 3-иот дена на компаративно француско-македонско право, на тема слобода на изразување и слобода на медиуми. А првите два дена на компаративно француско-македонско право беа посветени на трудовото право во февруари 2013, и на управното право во ноември истата година.

Поддршката на Амбасадата на Франција во Скопје во корист на слободата на медиуми ќе продолжи и во месец март, со обука за третманот на Слободата на печатот наменета за македонските судии и студенти на Академијата за судии и обвинители.

JPEG
JPEG
JPEG
JPEG

PDF - 369.9 ko
Programme de la journée du 26 Février
(PDF - 369.9 ko)
PDF - 530 ko
Programme de la journée du 27 Février
(PDF - 530 ko)

publie le 05/03/2014

hautdepage