Со министерката Мила Царовска: Франкофонијата во македонското образование [fr] [sq]

Во понеделникот на 23 ноември, амбасадорот, придружуван од советникот за култура и соработка, оствари средба со министерката за образование и наука г-ѓа Мила Царовска.

JPEGВо понеделникот на 23 ноември, амбасадорот, придружуван од советникот за култура и соработка, оствари средба со министерката за образование и наука г-ѓа Мила Царовска. За време на средбата, тие разговараа на повеќе теми, вклучувајќи го и Меѓународниот ден на професорите по француски јазик, што го воспостави Меѓународната организација на Франкофонијата, а којшто ќе се одбележи за 3 дена, на 26 ноември. Амбасадорот ја искористи оваа можност да ја изрази својата желба да се зачуваат одличните односи меѓу македонското министерство за Образование и Меѓународната организација на Франкофонијата. Министерката, од своја страна го информираше амбасадорот за непреченото одвивање на онлајн часовите, нагласувајќи ја прилагодливоста на македонските наставници, кои оваа година спроведуваат одреден број часови целосно преку Интернет. На крајот, тие разговараа за билатералната соработка: за унапредувањето на францускиот јазик во македонскиот образовен систем, за двојазичните паралелки во средните училишта, за развој на Француското Интернационално училиште во Скопје и за перспективите за размена меѓу научните истражувачи, области на кои амбасадата им придава особена важност.

Фотографија - Министерство за Образование и Наука

publie le 24/11/2020

hautdepage