"Соаре во градините" во Резиденцијата на Франција [fr] [sq]

На иницијатива на новата и динамична асоцијација "Пријателство Франција-Македонија", а во соработка со Амбасадата на Франција и заинтересираните спонзори, во четвртокот на 14 јуни во Резиденцијата на Франција се одржа книжевна, музичка и поетска вечер, насловена "Соаре во градините".

Овој доброволен настан, беше осмислен и реализиран од страна на Претседателот на Здружението Матијас Вазкез, со поддршка од македонската франкофонска поетеса Наташа Сарџоска. Вечерта помина во знакот на книжевните и поетски творби на македонски автори франкофони, академици, писатели и поети: Катица Ќулавкова, Владимир Мартиновски, Наташа Сарџоска, Јосип Коцев и Агнеса Чаволи, кои беа поканети на книжевна дебата и поетско читање, во придружба на ученици франкофони и музичари.

Оваа вечер беше, исто така, можност да се искаже почит кон кинеската поетеса и уметник Лиу Ксиа, којашто е во домашен притвор. Меѓу гостите имаше уметници, дипломати, професори, претприемачи, новинари и преведувачи. Средбата ги зајакна пријателските врски помеѓу француската и франкофонската заедница во земјата, низ уникатната разновидност на македонската култура.

Таа ја илустрираше виталноста и улогата на поезијата за идентитетот на земјата, позната на читателите ширум светот преку Струшките вечери на поезијата, како меѓународни поетски средби што секоја година се одржуваат во Струга кон крајот на месец август.

publie le 20/06/2018

hautdepage