Соопштение за печат, 11 ноември

Делегација на Првиот полк на морнаричката пешадија, на служба во рамките на КФОР, ќе пристигне во Скопје на 11 ноември 2010 година за да учествува на комеморацијата по повод 92-та годишнина од Примирјето од Првата светска војна.

Под команда на полковникот Жилбер Монтеги, делегацијата ќе им оддаде почит на 35-те војници од таа единица кои почиваат на Француските воени гробишта во Скопје.

Амбасадорот Шлумберже и Командантот на мултинационалниот баталјон Север на КФОР, полковникот Барера, повторно во оваа пригода ќе му искажат благодарност на градот Скопје, каде почиваат војниците паднати на Источниот фронт, како и на Македонската армија, којашто заедно со француските сили учествува во мировните мисии.

publie le 13/04/2012

hautdepage