Соопштение за печат, 7 ноември Битола

Две француски делегации ќе престојуваат во Битола кога ќе се одржи француско-германската церемонија во чест на денот на спомените за сите мртви и жртви на владеењето на насилство, ранети и раселени лица од сите војни и сите народи, на 7 ноември 2010 година:

- Делегација на 15-от баталјон за транспорт од Лимож, предводена од полковникот Аранда, којашто ќе дојде да им оддаде почит на 56-те војници од таа единица, паднати на Источниот фронт во текот на Првата светска војна и погребани на Француските воени гробишта во Битола, како и на градот Битола, наведен во Заповедта на Француската армија од 23 август 1923 година за доделување на највисокото одличје (Воениот крст со палма).

- Делегација на градот Епинал, предводена од Директорот за меѓународни односи, г. Бернар Вис, во рамките на братимењето што ги поврзува Битола и Епинал од пред повеќе од педесет години.

Амбасадорот Шлумберже и двете француски делегации ќе се сретнат во оваа пригода, еден ден пред церемонијата, на 6 ноември 2010 година со Министерот за одбрана, г. Коњановски, со Градоначалникот, г. Талевски, со пратениците од општината Битола, со Претседателот на Сојузот на борците и со свештеното лице од Битола.

publie le 13/04/2012

hautdepage