Соработка со Црвениот крст [fr] [sq]

Амбасадорот прими претставници на Црвениот крст на Македонија во резиденцијата на Франција.

Во оваа прилика, тој истакна дека амбасадата и понатаму ќе ја поддржува оваа организација во рамките на соработката која започна во 2010 година.

Таа плодна соработка овозможи да се организираат годишни вежби за симулација на катастрофи, обука по прва помош за Французи што живеат во Македонија, како и логистичка поддршка од страна на амбасадата. Амбасадорот ги согледа економскиот и социјалниот развој на земјата во овој период на транзиција и се запозна со активната солидарност и активностите што ги реализира Црвениот крст, кои отвораат простор за можна соработка со Организацијата на Црвениот крст на Франција.

publie le 29/05/2018

hautdepage