Соработка со региони : амбасадорите остварија средби средби со јавните и приватните економски чинители [fr] [sq]

Повеќе од 110 амбасадори во петокот, на 31 август, посетија 11 француски региони и остварија средби со јавните и приватните економски чинители. Оваа активност е во согласност со реформата на системот за поддршка на извозот, спроведен низ непосредна соработка со регионите, кои сега сами се одговорни за стратегијата за интернационализација на компаниите во нивната област.

Амбасадорот, со оглед на веќе воспоставените врски меѓу регионот Нормандија и Македонија, беше во посета на Руан, заедно со десет други колеги, каде што разговараше со локалните власти и со претставници на јавниот и приватниот сектор за можностите за развој на соработката, особено економската и туризмот, како и во рамките на новата програма "Нормандија за мир".

Во оваа пригода, амбасадорите ги прими префектот на регионот, како и претседателите на регионот и метрополата, г. Ерве Морен и г. Паскал Санчез. Амбасадорите имаа можност да го согледаат значајниот потенцијал на секторите за иновации и земјоделство, како и побарувачката за квалификувана работна сила во повеќе сектори.

publie le 10/09/2018

hautdepage