Соработка во акција во Крива Паланка [fr] [sq]

Амбасадорот, придружуван од конзулот, ja посети во четвртокот, на 19 декември општина Крива Паланка, којашто особено ги негува врските со Франција.

Во таа пригода, тој оствари средба со градоначалникот Борјанчо Мицевски, со кого разговараше за интензивирање на билатералната соработка, особено преку еден значаен проект за француски рели-туризам во текот на летото, но и за развојни проекти на општината, како гасификацијата, планинскиот и зимски туризам, органското земјоделство и за желбите за децентрализирана соработка.

JPEG - 243.2 ko

При посетата на Крива Паланка, амбасадорот разговараше со мошне активните професори по француски јазик од оваа општина, особено за наставата по француски во основното образование.

JPEG - 110.9 ko

Средбата со претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, г. Анри Андоновски (опозиција) ја заокружи посетата на амбасадорот кој детално се информираше за потребите за економски и социјален развој на општината што граничи со Бугарија, со одлична местоположба на коридорот 8 и чијашто инфраструктурата е во процес на значајно обновување.

publie le 21/12/2018

hautdepage